Зголемување на масата за сечење

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Проширување за масата за сечење (11) ја проширува масата за сечење (17) кон десно.

  • Повлечете ја затезната дршка (18) за проширувањето на масата за сечење целосно нагоре.
  • Извлечете го нанадвор проширувањето на масата за сечење (11) до саканата должина.
  • Притиснете ја затезната дршка (18) надолу. Со тоа се фиксира проширувањето на масата за сечење.

Продолжетокот на масата за сечење (10) ја продолжува масата за сечење (17) наназад.

  • Олабавете ја завртката за блокирање (38) на левата водечка прачка.
  • Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за сечење (10) до саканата должина.
  • За фиксирање на позицијата затегнете ја завртката за блокирање (38).

Доколку е потребно, ставете потпора за продолжетокот за масата за сечење кај тешките делови за обработка.

Со помош на подвижните лизгачи (2) може да се сечат парчиња до максимална ширина од 350 mm.
Истовремено се постигнува поголема прецизност при сечењето со користењето на аголен граничник (3) види Сечење на хоризонтални агли на закосување со помош на подвижните лизгачи.

  • Повлечете ја затезната дршка (29) за подвижните лизгачи целосно нагоре.
    Подвижниот лизгач може да се помести до крај како нанапред така и наназад.