Ставање/менување на сечилото за кружната пила

Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство.

  • Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.

Поставете ја максималната длабочина на сечење, види Подесување на длабочината на сечење (види слика C).

При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на батеријата.

  • Склопете го лостот (3) кон напред.
  • Притиснете ја блокадата при вклучување (2) кон напред и притиснете со пилата кон основната плоча (8) додека не се вклопи во позиција за менување на сечилото.
  • Притиснете го копчето за блокада на вретеното (28) и држете го притиснато.
  • Копчето за блокирање на вретеното (28) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
  • Со клуч со внатрешна шестаголна глава (9) одвртете ја затезната завртка (23) во правец на вртење ➋.
  • Извадете ја стезната прирабница (24) и сечилото за пила (25) од вретеното на пила (27).

Поставете ја максималната длабочина на сечење, види Подесување на длабочината на сечење (види слика C).

При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на батеријата.

  • Склопете го лостот (3) кон напред.
  • Притиснете ја блокадата при вклучување (2) кон напред и притиснете со пилата кон основната плоча (8) додека не се вклопи во позиција за менување на сечилото.
  • Исчистете го сечилото за пила (25) и сите стезни делови што се монтираат.
  • Поставете го сечилото за пила (25) на приклучната прирабница (26). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на заштитниот капак (15).
  • Поставете ја стезната прирабница (24) и затегнете ја затезната завртка (23) во правец на вртење ➌. Внимавајте на правилна положба на монтирање на приклучната прирабница (26) и стезната прирабница (24).
  • Притиснете го копчето за блокада на вретеното (28) и држете го притиснато.
  • Со клуч со внатрешна шестаголна глава затегнете ја (9) стезната завртка (23) во правец на вртење ➌. Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање плус ¼ вртење.
  • Вратете го лостот (3) назад. Притоа пилата отскокнува назад во стартната позиција.