Одржување и чистење

Заштитниот капак (15) мора секогаш слободно да се движи и да се затвора. Затоа пределот околу заштитниот капак (15) треба секогаш да е чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка.

Секогаш одржувајте чисти ги вреќичката за прав/струготини, исфрлувачот на струготини, основната плоча, шината-водилка и жлебот за шината-водилка.

Необложените сечила за пила може да се заштитат од корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на дрвото.

Остатоците од смола и лепак на сечилото за пила го нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги сечилата за пила веднаш по употребата.