Совети при работењето

Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.

  • За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (36).
  • Насочете ги ознаките на делот што се обработува во средина на линијата на ласерот.

Напомена: пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.

Максимални делови за обработка:

Хоризонтален агол на закосување

Вертикален агол на закосување

Висина x ширина [mm]

90 x 310

45°

90 x 210

45° (лево)

45 x 310

45°

45° (лево)

45 x 210

45° (десно)

35 x 310

45°

45° (десно)

35 x 210

Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната столарска стега (20) лево или десно од сечилото за пила): 130 x 50 mm (должина х ширина)

Максимална длабочина на резот (0°/0°): 90 mm

За едноставно сечење на делови со еднаква должина може да го употребите граничникот за должина (26).

  • Олабавете ја завртката за блокирање (57) и поместете го граничникот за должина (26) на шината-водилка (58) на саканата должина на делот што се обработува.
  • Повторно затегнете ја завртката за блокирање (57).

Подолги делови за обработка:

  • Олабавете ја пеперутка-завртката (59) и извлечете ја шината-водилка (58) нанадвор до крај.
  • Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (59).
  • Поставете го граничникот за должина (26) на саканата должина на делот што се обработува.

Сечење без граничник за должина:

  • Олабавете ја завртката за блокирање (57) и поместете го граничникот за должина (26) на шината-водилка (58) целосно нанадвор.
  • Свртете го граничникот за должина за 90°, така што ќе налегне со гранична водилка (18).
  • Повторно затегнете ја завртката за блокирање (57).

Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.

  • Свртете го граничникот за длабочина (22) кон надвор.
  • Навалете ја рачката на апаратот на дршката (5) во саканата позиција.
  • Свртете ја завртката за подесување (23), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочинa (22).
  • Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила.

Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.

Плочата за вметнување (10) може да се истроши по подолга употреба на електричниот алат.

Променете ја дефектната плоча за вметнување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Одвртете ги завртките (60) со обичен крстест одвртувач и извадете ја старата плоча за вметнување (10).
  • Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги завртките (60).