Подесување на ласерот

Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.

За да обезбедите попрецизни резови мора да ги проверите ласерските зраци по интензивно користење и евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

Проверка (види слика S1)

  • На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
  • Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (5).
  • Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
  • Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
  • Прицврстете го делот за обработка.
  • Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (36).

Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот ќе се води надолу.

Подесување (види слика S2)

Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.