Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за завртување и одвртување на завртки како и за дупчење во дрво, метал и пластика.

Електричниот алат може да се користи со додаток за аголно дупчење (GFA 18-W), додаток за аголно дупчење (GFA 18-WM), ексцентричен додаток (GFA 18-E), додаток за стезна глава (GFA 18-B) или метален додаток за стезна глава (GFA 18-M).

Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth® Low Energy модул GCY 42 со помош на Bluetooth®-безжичната технологија помеѓу електричниот алат и мобилниот уред.