Приказ за наполнетост на батеријата

Индикаторот за состојба на батеријата (5) на електричниот алат се состои од три зелени LED светилки. Тој ја покажува состојбата на батеријата неколку секунди по вклучувањето и исклучувањето.

LED светилки

Капацитет

Трајно светло 3 x зелено 

60 – 100 %

Трајно светло 2 x зелено 

30 – 60 %

Трајно светло 1 x зелено

10 – 30 %

Бавно трепкање на светлото 1 x зелено

0 – 10 %

3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од опсегот на работна температура од –30 до +70 °C и/или реагира заштитата од преоптоварување.