Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.

  • Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
  • Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во состојба на мирување.
  • Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.

Надворешно всисување

За всисување, на исфрлувачот на струготини (2) може да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).

  • Поврзете го цревото за всисување на прав со исфрлувачот на струготини (2).

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.