Сопирачка за исфрлување од брзина/предна сопирачка (види слика E)

Електричниот алат е опремен со два заштитни системи:

Сопирачката за исфрлување од брзина го сопира ланецот по отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

Предната сопирачка е заштитен механизам, којшто се активира при повратен удар на електричниот алат или при дефект на прекинувачот за вклучување/исклучување преку рачката за активирање на предната сопирачка (4). Ланецот на пилата веднаш застанува.

Одвреме навреме проверете го функционирањето. Турнете ја рачката за активирање на предната сопирачка (4) нанапред (Позиција ) и кратко вклучете го електричниот алат. Ланецот на пилата не смее да стартува. За повторно да ја отклучите предната сопирачка, повторно повлечете ја назад рачката за активирање на предната сопирачка (4) (позиција ).

Не носете го електричниот алат за рачката за активирање на предната сопирачка.