Сечење на аериран бетон (види слики GH)

При сечење на аериран бетон внимавајте на следните безбедносни прописи:

Поставете го аерираниот бетон како што е прикажано на сликата и потпрете го така што засекот нема да се затвори и да се заглави ланецот на пилата.

Наместете ги пократките парчиња аериран бетон и прицврстете ги.

Сечете само предмети од аериран бетон. Избегнувајте допирање камења и клинци, бидејќи тие може да се исфрлат, да се оштети ланецот на пилата или да се предизвикаат сериозни повреди кај корисникот или кај лицата наоколу.

Не допирајте жичени огради или подот кога електричниот алат работи.

Правете надолжни засеци со особено внимание, бидејќи граничникот (10) не може да се користи. Ставете го електричниот алат под рамен агол за да избегнете повратен удар на пилата.