Замена на HM/TC-сечилото на рендето

Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за ренде.

Сечилата на рендето од цврст материјал (HM/TC) имаат 2 сечила и можат да се вртат. Доколку двата раба на сечилото се тапи, сечилото на рендето (23) мора да се замени. HM/TC-секачот на рендето не смее дополнително да се остри.

Демонтирање на сечилото за ренде (види слики GH)

Монтирање на сечилото за ренде (види слики IJ)

Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се обезбедува еднакво подесување на висината при менување одн. вртење.

Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на сечилото во главата на сечилото (16) и сечилото на рендето (23).

При монтажата на сечилото на рендето внимавајте истото беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на главата на сечилото (16).

Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (11) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Torx-клучот (13). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (15) (①②③).

Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали завртките за прицврстување (14) се добро вметнати. Рачно свртете ја главата на сечилото (16) и проверете дали сечилото на рендето се трие на некое место.