Совети при работењето

Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.

  • За тоа вклучете ги ласерските зраци со кратко притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) без да ја притиснете блокадата при вклучување (5).
  • Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка помеѓу двете ласерски линии.

Напомена: Пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е точно прикажана види Подесување на ласерот. Ласерските зраци може да се поместат на пр. со вибрации при интензивна употреба.

Максимални делови за обработка:

Хоризонтален агол на закосување

Вертикален агол на закосување

Висина x ширина [mm]

90 x 305

45° (лево/десно)

90 x 215

45° (лево)

45° (лево)

55 x 215

45° (десно)

45° (десно)

30 x 215

45° (лево)

55 x 305

45° (десно)

30 x 305

Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната столарска стега (41) лево или десно од сечилото за пила): 100 x 40 mm (должина x ширина)

Максимална длабочина на резот (0°/0°): 90 mm

Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.

  • Навалете го граничникот за длабочина (39) кон напред.
  • Навалете ја рачката на апаратот на дршката (7) во саканата позиција.
  • Свртете ја завртката за подесување (38), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочина (39).
  • Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

За едноставно сечење на делови со еднаква должина може да го употребите левиот или десниот граничник за должина (36).

  • Повлечете го граничникот за должина (36) нагоре.
  • Поставете го продолжетокот на масата за пила (23) на саканата должина на делот што се обработува.

При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила.

Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.

Плочите за вметнување (14) може да го истрошат електричниот алат по подолга употреба.

Заменете ја дефектната плоча за вметнување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Одвртете ги завртките (54) со обичен крстест одвртувач и извадете ја старата плоча за вметнување (14).
  • Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги завртките (54).