Промена на алат (види слики A–B)
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот за алат, може да се олабави за време на одвртувањето.
Поставете го алатот за вметнување (10) на четириаголниот прифат за алат (1).
Вадење на алатот за вметнување (види слика B)
GDS 18V-450 PC:
Алатите за вметнување се прицврстени во држачот за алат со игла за да се спречи ненамерно олабавување.
За да го извадите алатот за вметнување, притиснете ја иглата со соодветна помошна алатка.