Совети при работењето

Напомена: Не доближувајте ја млазницата (1) премногу блиску до алатот што треба да се обработи. Блокирањето на воздухот може да доведе до прегревање на дувалката за топол воздух.

Вадење на топлотната заштита

За работење на особено тесни места може да ја извадите топлотната заштита (2) со свртување.

За вадење одн. ставање на заштитата за топлина (2) исклучете ја дувалката и оставете ја да се излади.