Проверка на точноста

Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на оддалеченост и точноста на мерење косини (GLM 50-23 G).

Проверка на точноста на мерењето на растојание

За проверка на точноста, мерењето треба да се врши при поволни услови, т.е. мерното подрачје треба да биде поставено во внатрешниот простор и целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира (на пр. ѕид обоен во бело).

  1. Изберете мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m, чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на вратата).
  2. Измерете го подрачјето 10‑пати едно по друго.
  1. Отстапувањето на поединечните мерења од точно познатата димензија не смее да надмине ±2 mm на целото мерно растојание под поволни услови. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.

Проверка на точноста и калибрирање на мерењето косини (GLM 50-23 G)

  1. Поставете го мерниот уред на една маса и измерете ја косината.
  2. Свртете го мерниот уред за 180° и одново измерете ја косината.
  1. Разликата помеѓу прикажаните износи смее да изнесува макс. 0,3°.

При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се калибрира.

  1. Притиснете го копчето , за да го отворите менито Основни поставки.
  2. Изберете  и потврдете го изборот со копчето .
  3. Следете ги упатствата на екранот.
По големи промени на температурата и по удари, препорачуваме да се изврши проверка на точноста и ев. калибрирање на мерниот уред. По промена на температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на нормалната температура некое време пред да се изврши калибрација.