Транспорт (види слика X)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
- Олабавете ја завртката за фиксирање (6), доколку таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање.
- Проверете дали граничникот за длабочина (40) е навален сосема наназад и завртката за подесување (39) при движењето на кракот на алатот минува низ отворот без да го допре граничникот за длабочина.
- Вметнете ги продолжетоците на масата за сечење целосно навнатре и фиксирајте ги.
- Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
- Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
- Врзете го струјниот кабел со лепливата лента (70).
- Електричниот алат носете го со транспортната рачка (10) или фатете го за жлебовите за држење (28) странично на масата за сечење
- За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.