Подготовка за работа

Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

  • Олабавете ги двете завртки со внатрешна шестаголна глава (41) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (5).
  • Извлечете го продолжувањето на масата за пила (29) до крај и повторно затегнете ги завртките со внатрешна шестаголна глава.

За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот за обработка.
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за добро да се прицврстат.

  • Цврсто притиснете го делот што се обработува на граничната водилка (30).
  • Вметнете ја испорачаната столарската стега (21) во отворите предвидени за таа намена (28).
  • Олабавете ја пеперутка-завртката (43) и подесете ја столарската стега на делот што се обработува. Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
  • Зацврстете го делот што се обработува со вртење на навојната прачка (42).

При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја поместите подесливата гранична водилка (31).

  • Олабавете ја завртката за блокирање (44).
  • Целосно извлечете ја граничната водилка (31) нанадвор.
  • Повторно затегнете ја завртката за блокирање (44).

По сечење на вертикални агли на закосување, повторно вратете ја назад подесливата гранична водилка (31) (олабавете ја завртката за фиксирање (44); поместете ја граничната водилка (31) целосно навнатре; повторно зетегнете ја завртката за фиксирање).