Монтирање на заштитен уред

Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.

Поставете ја заштитната хауба (5) на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (5) според потребите на работниот процес и фиксирајте ја заштитната хауба (5) со завртката за фиксирање (6).

  • Поставете ја заштитната хауба (5) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.

  • При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (13).
  • При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.

Заштитната хауба за сечење (13) се монтира како заштитна хауба за брусење (5).

Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (21) се монтира како заштитна хауба за брусење (5).

  • Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (3).

Навртете ја дополнителната рачка (3) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.

  • За работење со гумен диск за брусење (17) или со лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (15).

Зацврстете ја заштитата за рацете (15) со дополнителната рачка (3).