Начини на работа

Сите 3 режими на работа се возможни во хоризонтална и вертикална положба на мерниот уред.

Ротационен режим
Ротациониот режим е особено препорачлив при употреба на ласерскиот приемник. Може да бирате меѓу различни брзини на ротација.

Линиски режим
Во овој режим на работа, варијабилниот ласерски зрак се движи во ограничен агол на отворање. Притоа, видливоста на ласерскиот зрак е зголемена во споредба со ротациониот режим. Може да бирате меѓу различни агли на отворање.

Точкест режим
Во овој режим на работа се постигнува најдобра видливост на варијабилниот ласерски зрак. Тој на пр. служи за едноставно пренесување на висини или за контрола на правите линии.

Линискиот и точкаст режим не се наменети за употреба со ласерскиот приемник (30).

По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во ротационен режим со стандардна брзина на ротација.(300 min–1).

За менување од линиски во ротационен режим, притиснете го копчето за ротационен режим (5) или копчето за ротационен режим (20) на далечинскиот управувач.

За промена на брзината на ротација, притискајте го копчето за ротационен режим (5) или копчето за ротационен режим (20) на далечинскиот управувач, додека не ја постигнете саканата брзина.

При работа со ласерски приемник, треба да ја изберете најголемата брзина на ротација. При работа без ласерски приемник, намалете ја брзината на ротација за подобра видливост на ласерскиот зрак и користете ласерски очила (40).

За промена во линиски режим одн. точкаст режим, притиснете го копчето за линиски режим (11) или копчето за линиски режим (21) на далечинскиот управувач.

Мерниот апарат се менува во линиски режим со најмалиот агол на отворање.

За промена на аголот на отворање притискајте го постојано копчето за линиски режим (11) или копчето за линиски режим (21) на далечинскиот управувач, додека не се појави саканиот режим на работа. Аголот на отворање се зголемува постепено при секое притискање, истовремено се зголемува и брзината на ротација со секој степен.

Мерниот уред се менува по кратко осцилирање во точкаст режим со најмалиот агол на отворање. Со одново притискање на копчето за линиски режи (11) води назад кон линискиот режим со најмалиот агол на отворање.

Напомена: Поради инерција, ласерот осцилирајќи може да излезе малку над крајните точки на ласерската линија.