Совети при работењето

Целната табла за ласерот (41) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.

Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (41) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 5/8"-прифатот на стативот (15) на навојот на стативот (32). Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.

Кај статив со мерна скала на извлекување може директно да го подесите отстапувањето по висина.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.

Мерниот уред може да го монтирате на ѕиден држач со единица за израмнување (36). Завртете ја завртката 5/8" (38) на ѕидниот држач во прифатот за статив (15) на мерниот уред.

Монтажа на ѕид: монтажата на ѕид се препорачува на пр. при работење, кое е над висината на извлекување на стативот, или при работење на нестабилна подлога и без статив.

Зацврстете го ѕидниот држач (36) или со завртка низ отворите за завртување (34) на ѕид или со завртка за прицврстување (33) на лајсна. Монтирајте го ѕидниот држач колку што може повертикално на ѕидот и внимавајте да има стабилно прицврстување.

Монтажа на статив: ѕидниот држач (36) исто така може да го завртите и со прифатот за статив (35) на задната страна од стативот. Ова зацврстување особено се препорачува при работи, каде ротационото ниво треба да се израмни на референтна линија.

Со помош на единицата на израмнување, може да го поместите монтираниот мерен уред вертикално (при монтажа на ѕид) одн. хоризонтално (при монтажа на статив) во поле од околу 16 cm. Притоа, олабавете ја завртката (37) на единицата за израмнување, поместете го мерниот уред во саканата позиција, и повторно затегнете ја завртката (37).

При неповолни светлосни услови (осветлена околина, директни сончеви зраци) и на големи растојанија за подобро наоѓање на ласерските линии користете го ласерскиот приемник (30).

Кај ротирачките ласери со повеќе режими на работа изберете хоризонтален или вертикален режим со највисоката ротирачка брзина.

За да работите со ласерскиот приемник, прочитајте го и внимавајте на ова упатство за употреба.

Со притискање на контролните копчиња, може да се исклучи нивелирањето на мерниот уред, така што ротацијата запира за кратко. Со примена на далечинскиот управувач, овој ефект се избегнува.

Сензорите (7) за далечинскиот управувач се наоѓаат на три страни на мерниот уред, м. д. над контролното поле на предната страна.

За контрола на рамнини или за нанесување на косини се препорачува користење на мерна летва (31) заедно со ласерскиот приемник.

На мерната летва (31) горе има нанесено релативна мерна скала. Нејзината нулта висина може да ја изберете долу на излезот. На тој начин директно се отчитуваат отстапувањата од зададената висина.

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.

  • Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
  • Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.