Ставање во употреба на ротациониот ласер

Хоризонтална положба

Вертикална положба

Поставете го мерниот уред на стабилна подлога во хоризонтална и вертикална положба, монтирајте го на стативот (32) или на ѕидниот држач (36) со единицата за израмнување.

Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред реагира многу осетливо на потреси и промени на положбата. Осигурајте стабилна позиција на мерниот уред, за да се избегнат прекини на работата поради дополнително нивелирање.

За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/исклучување (4). Сите прикази кратко светнуваат. Мерниот уред го пушта варијабилниот ласерски зрак (6) и точката на вертикалата нагоре (9) од излезните отвори (8).

  • Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.

Мерниот уред започнува веднаш со автоматско нивелирање. За време на нивелирањето, приказот за статус трепка (3) зелено, ласерот не ротира и трепка.

Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за статус (3) свети непрекинато зелено и ласерот свети непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот уред автоматски стартува во ротационен погон.

  • Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.

Со копчето за ротационен режим (5) одн. копчето за линиски режим (11) може да го утврдите начинот на работа за време на нивелирањето. Во овој случај мерниот уред стартува по завршувањето на нивелирањето во избраниот начин на работа.

За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го копчето за вклучување/исклучување (4).

За заштита на батериите, мерниот уред автоматски се исклучува ако е надвор од опсегот на самонивелирање подолго од 2 h или ако предупредувањето за удар се активира подолго од 2 h. Позиционирајте го мерниот уред одново и повторно вклучете го.