Напојување со енергија на далечинскиот управувач

За работењето со далечинскиот управувач се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

За отворање на капакот од преградата за батерии (29) притиснете на копчето за заклучување (28) во правец на стрелката и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ја батеријата.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.