Одржување и чистење

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред и далечинскиот управувач.

Не ги потопувајте мерниот уред и далечинскиот управувач во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

На мерниот уред редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.

Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во куфер (53).

Во случај ако треба да се поправи, пратете го мерниот уред во куфер (53).

При транспорт на мерниот уред во куфер (53) можете да го прицврстите стативот (43) со појасот (52) на куферот.