Калибрирање на мерниот уред

Следните интервенции може да се вршат само од страна на школуван и квалифициран персонал. Мора да биде позната регуларноста при вршење на проверка на точноста или калибрација на мерниот уред.

После секое калибрирање проверете ја точноста на нивелирањето види Контрола на точноста на мерниот уред. Доколку отстапувањето лежи надвор од максимално дозволените вредности, оставете го мерниот уред на контрола во сервисната служба Bosch.

Калибрирање на X и Y‑оската

Калибрирањето на GRL 600 CHV е можно само со помош на ласерскиот приемник LR 60, калибрирањето на GRL 650 CHVG само со LR 65 G. Ласерскиот приемник мора да биде поврзан со мерниот уред преку Bluetooth®  види Воспоставете врска со далечински управувач/ласерски приемник.

Мерниот уред и ласерскиот приемник не смеат да се менуваат во позиција за време на калибрирањето (со исклучок на опишаните израмнувања одн. вртења). Затоа, поставете го мерниот уред на цврста, рамна површина и прицврстете го ласерскиот приемник.

Ако е можно, калибрирањето треба да се изврши преку Bosch Levelling Remote App. Со контролирањето преку апликацијата се отстранува можноста за грешки, бидејќи во спротивно, мерниот уред со невнимателно притискање на копчињата може да се промени во позиција.
При калибрирање без апликација мора да се притиснат соодветните копчиња на мерниот уред, далечинскиот управувач не може да се користи за време на калибрирањето.

Потребна е една слободна мерна линија од 30 m на цврста подлога. Доколку не е достапна таква мерна линија, калибрирањето може да се изврши и со помала точност на нивелирање на 15 m долга мерна линија.

Монтирање на мерен уред и ласерски приемник за калибрирањето:

Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба 30 m одн. 15 m на растојание од ласерскиот приемник на стативот (43) или поставете го на цврста, рамна подлога.

Прицврстете го ласерскиот приемник во соодветна висина:

  • или на ѕид или на друга површина со магнети или кука за закачување на ласерски приемник,
  • или на стабилно прицврстена помошна алатка со држачот на ласерскиот приемник.

Притоа внимавајте на упатството за користење на ласерскиот приемник.

Израмнување на мерниот уред за калибрирање:

Израмнете го мерниот уред, така што ќе се прикаже приказот на гравираната страна на X-оската на мерниот уред со "+"-страната на ласерскиот приемник. X‑оската мора да биде вертикално на ласерскиот приемник.

Стартување на калибрирањето:

  • Калибрирање преку Bosch Levelling Remote App: вклучете го мерниот уред. Стартувајте го калибрирањето во апликацијата. Следете ги упатствата во апликацијата подолу.
  • Калибрирање без апликација: вклучете ги мерниот уред и ласерскиот приемник. Осигурајте се дека тие се поврзани преку Bluetooth®. Стартувајте го калибрирањето, со истовремено притискање на копчето за вклучување/исклучување на ласерскиот приемник како и копчето за режим CenterFind на ласерскиот приемник. На екранот на ласерскиот приемник се појавува CAL.

Доколку треба да го откажете калибрирањето, долго притиснете на копчето за режим CenterFind на ласерскиот приемник.

Извршување на калибрирање без апликација:

Во менито што се појавува на екранот на мерниот уред по стартувањето на калибрирањето, изберете го постоечкото растојание помеѓу мерниот уред и ласерскиот приемник. За тоа притиснете го копчето ▲ (4) одн. ▼ (3). Потврдете го вашиот избор со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).

За да ја потврдите избраната мерна линија, вклучително и соодветната точност на нивелирање во следното мени (), притиснете го копчето за подесување на косината (14). За да се вратите до изборот на мерната линија (), притиснете го копчето за линиски режим. (5).

Израмнете го ласерскиот приемник во висина, така што варијабилниот ласерски зрак (8) на ласерскиот приемник ќе се прикаже како во средина (види упатство за користење на ласерскиот приемник.). Прицврстете го ласерскиот приемник на оваа висина.

Проверете дали мерниот уред и ласерскиот приемник се израмнети еден со друг, како што е прикажано на екранот( "+"-страната на X‑оската е израмнета со ласерскиот приемник). Стартувајте го калибрирањето на X‑оската со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).

Ако се појави овој чекор на екранот, тогаш вртете го мерниот уред за 180°, така што "–"-страната на X‑оската ќе се израмни со ласерскиот приемник. Внимавајте да не ги менувате висината и косината на мерниот уред со секое вртење. Потврдете го вртењето со , со притискање на копчето за подесување на косината (14). Калибрирањето на X‑оската продолжува.

Ако калибрирањето на X‑оската е успешно завршено, на екранот на мерниот уред се појавува оваа ознака.

Продолжете со калибрирањето со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).

За калибрирање на Y‑оската вртете го мерниот уред во правец на стрелката за 90°, така што "+"-страната на Y‑оската ќе биде израмнета со ласерскиот приемник. Потврдете го вртењето со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).

Ако се појави овој чекор на екранот, тогаш вртете го мерниот уред за 180°, така што "–"-страната на Y‑оската ќе биде израмнета со ласерскиот приемник. Потврдете го вртењето со , со притискање на копчето за подесување на косината (14). Калибрирањето на Y‑оската продолжува.

Ако калибрирањето на Y‑оската е успешно завршено, на екранот на мерниот уред се појавува оваа ознака.

Завршете го калибрирањето на Y‑оската со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).

Оваа ознака го потврдува успешното калибрирање на X и Y‑оската со точноста за нивелирање избрана на почетокот. Завршете го калибрирањето со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).

Ако калибрирањето е успешно завршено, мерниот уред автоматски се исклучува.

Ако калибрирањето на X‑ одн. на Y‑оската е неуспешно, на екранот на мерниот уред се појавува соодветната порака за грешка. На екранот на ласерскиот приемник се прикажува ERR.
Откажете го калибрирањето со , со притискање на копчето за линискиот режим (5).

Осигурајте се дека мерниот уред и ласерскиот приемник се правилно израмнети (видете го описот погоре). Ресетирајте го калибрирањето.

Ако калибрирањето е повторно неуспешно, тогаш оставете го мерниот уред на контрола во сервисната служба Bosch-.

Калибрирање на Z-оската

За калибрирањето потребна е една слободна мерна линија на цврста подлога пред 10 m висок ѕид. Прицврстете еден висулец на ѕидот.

Ставете го мерниот уред на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред и оставете го да се нивелира. Израмнете го мерниот уред, така што ласерскиот зрак ќе дојде вертикално на ѕидот и ќе го пресече висулецот. Исклучете го мерниот уред.

За стартување на режимот за калибрирање задржете го притиснато копчето за подесување на косината (14) и дополнително кратко притиснете на копчето за вклучување/исклучување (11). Мерниот уред се вклучува. Оставете го мерниот уред да се нивелира.

Израмнете го ласерскиот зрак, така што ќе оди што е можно попаралелно со висулецот.

Накосете го ласерскиот зрак во правец ◀, со притискање на копчето ▲ (4). Накосете го ласерскиот зрак во правец ▶, со притискање на копчето ▼ (3).

Ако не е можно да се израмни ласерскиот зрак паралелно со висулецот, тогаш израмнете го мерниот уред прецизно на ѕидот и повторно започнете го процесот на калибрирање.

Ако ласерскиот зрак е паралелно израмнет, тогаш зачувајте го калибрирањето со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).

Оваа ознака го потврдува успешното калибрирање на Z‑оската. Истовремено трепка приказот за статус (12) 3× зелено. Завршете го калибрирањето со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).

Ако калибрирањето е успешно завршено, мерниот уред автоматски се исклучува.

Ако калибрирањето на Z‑оската е неуспешно, се појавува оваа порака за грешка. Откажете го калибрирањето со , со притискање на копчето за линискиот режим (5).

Осигурајте се, дека референтната вертикала лежи во опсегот на вртење на ротационата глава и рестартирајте го калибрирањето. Внимавајте на тоа, мерниот уред за време на калибрирањето да не се помести.

Ако калибрирањето е повторно неуспешно, тогаш оставете го мерниот уред на контрола во сервисната служба Bosch.