Начини на работа

Израмнувањето на X- и Y-оска е означен над ротационата глава на куќиштето. Ознаките се наоѓаат точно над засеците за израмнување (16) на долниот раб на куќиштето како и на долната дршка. Со помош на засеците за израмнување, мерниот уред можете да го израмните по оските.

Сите 3 режими на работа се возможни во хоризонтална и вертикална положба на мерниот уред.

Ротационен режим
Ротациониот режим е особено препорачлив при употреба на ласерскиот приемник. Може да бирате меѓу различни брзини на ротација.

Линиски режим
Во овој режим на работа, варијабилниот ласерски зрак се движи во ограничен агол на отворање. Притоа, видливоста на ласерскиот зрак е зголемена во споредба со ротациониот режим. Може да бирате меѓу различни агли на отворање.

Точкест режим
Во овој режим на работа се постигнува најдобра видливост на варијабилниот ласерски зрак. Тој на пр. служи за едноставно пренесување на висини или за контрола на правите линии.

Линискиот и точкаст режим не се наменети за употреба со ласерскиот приемник (41).

По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во ротационен режим со стандардна брзина на ротација.(600 min–1).

За менување од линиски во ротационен режим, притиснете го копчето за ротационен режим (6) или копчето за ротационен режим (26) на далечинскиот управувач.

За промена на брзината на ротација, притискајте го постојано копчето за ротационен режим (6) или копчето за ротационен режим (26) на далечинскиот управувач, додека не се појави саканата брзина на екранот.

На почетниот екран се препознава поставената брзина на приказот за брзината на ротација (h).

При работа со ласерски приемник, треба да ја изберете најголемата брзина на ротација. При работа без ласерски приемник, намалете ја брзината на ротација за подобра видливост на ласерскиот зрак и користете ласерски очила (50).

За промена во линиски режим одн. точкаст режим, притиснете го копчето за линиски режим (5) или копчето за линиски режим (28) на далечинскиот управувач.

За промена на аголот на отворање притискајте го постојано копчето за линиски режим (5) или копчето за линиски режим (28) на далечинскиот управувач, додека на екранот не се појави саканиот режим на работа. Аголот на отворање при секое притискање се намалува по степени, додека не се постигне точкест режим.
При 360°, мерниот уред е повторно во режим на ротација, брзината на ротација е последната поставена брзина.

Напомена: Поради инерција, ласерот осцилирајќи може да излезе малку над крајните точки на ласерската линија.

Кај линискиот режим и точкаст режим, може да ја позиционирате ласерската линија одн. ласерската точка во ротационото ниво на ласерот. Можно е вртење за 360°.

За вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот притиснете го копчето (4) на мерниот уред или копчето за вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот (29) на далечинскиот управувач.

За вртењево правец на стрелките на часовникот притиснете го копчето (3) на мерниот уред или копчето за вртење во правец на стрелките на часовникот (36) на далечинскиот управувач.

Во вертикална положба на мерниот уред, може да ги вртите ласерската точка, ласерската линија или ротационото ниво за едноставно доведување во права линија или паралелно израмнување во опсег од ±8,5 % околу X-оската.

За да ја стартувате функцијата притиснете на копчето за подесување на косината (14) на мерниот уред или копчето за подесување на косината (31) на далечинскиот управувач. Менито за подесување на косината на Y‑оска се појавува, ознаката на Y‑оска трепка.

За да го вртите ротационото ниво, притиснете го копчето ▲ (4) одн. ▼ (3) на мерниот уред или на копчето за косина нагоре (30) одн. надолу (35) на далечинскиот управувач, додека не ја постигнете саканата позиција.

За да се израмни мерниот уред во вертикална положба со референтна точка на подот, може да го свртите варијабилниот ласерски зрак надолу (8) како точка на вертикала надолу. Функцијата на точка на вертикалата може да стартува со помош на далечинскиот управувач или преку Bosch Levelling Remote App.

Варијабилниот ласерски зрак како точка на вертикала не е самонивелирачки. Осигурете се дека мерниот уред при старт на функцијата на точка на вертикалата е нивелиран.

За да ја стартувате функцијата на точка на вертикалата надолу притиснете го копчето за функцијата на точка на вертикалата (25) на далечинскиот управувач. За време на вертикалното израмнување на варијабилниот ласерски зрак на екранот се појавува ознаката за функција на точка на вертикалата. По успешно израмнување се појавува приказот за функцијата на точка на вертикалата (e) на почетниот екран.