Совети при работењето

Целната табла за ласерот (51) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.

Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (51) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. За хоризонталниот режим поставете го мерниот уред со 5/8"-прифатот на стативот (18) на навојот на стативот (43). Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
За вертикалниот режим користете го 5/8"-прифатот на стативот (20).

Кај статив со мерна скала на извлекување може директно да го подесите отстапувањето по висина.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.

  • Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
  • Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.

Мерниот уред можете да го прицврстите на ѕидот со помош на ѕидниот држач и единицата за израмнување (44). Користењето на ѕидниот држач се препорачува на пр. при работење, кои е над висината на извлекување на стативот, или при работење на нестабилна подлога и без статив.

Прицврстете го ѕидниот држач (44) со завртките во отворите за прицврстување (45) на ѕидот. Монтирајте го ѕидниот држач колку што може повертикално и внимавајте да обезбедите стабилно прицврстување.

Завртете ја 5/8"-завртката (48) на ѕидниот држач во зависност од примената во хоризонталниот прифат за статив (18) или вертикалниот прифат за статив (20) на мерниот уред.

Со помош на единицата за израмнување можете да го поместите мерниот уред во опсег од околу 13 cm висина. Притиснете го копчето за притиснување (46) и поместете ја единицата за израмнување грубо до саканата висина. Со завртката за фино подесување (47) можете да го израмните ласерскиот зрак точно со референтната висина.

За контрола на рамнини или за нанесување на косини се препорачува користење на мерна летва (42) заедно со ласерскиот приемник.

На мерната летва (42) горе има нанесено релативна мерна скала. Нејзината нулта висина може да ја изберете долу на излезот. На тој начин директно се отчитуваат отстапувањата од зададената висина.