Примери за работа

Поставете го мерниот уред во еден агол од просторијата и позиционирајте го, така што ласерската линија од 0° ќе поминува паралелно во однос на референтната линија (на пр. ѕид). Измерете го растојанието помеѓу ласерската линија и референтната линија директно на мерниот уред на што е можно поголемо растојание од мерниот уред. Израмнете го мерниот уред, така што двете растојанија ќе бидат со еднаква големина.

На крај измерете ги растојанијата на најмалку две различни точки помеѓу ласерската линија од 90° и ѕидот. Доколку растојанијата на ласерската линија од 90° се исти, ѕидовите се под прав агол.

Поставете го мерниот уред во агол, така што ласерската линија од 0° ќе поминува паралелно во однос на ѕидот. Поставете ја првата квадратна плочка на точката на пресек на ласерската линија од 0° и од 90°.

Поставете го мерниот уред, така што ласерската линија од 45° ќе ја обележува дијагоналната фуга на плочките.

Најпрво одредете ја висината, каде што треба да почне првиот ред со плочки. Прицврстете го мерниот уред со плочата за израмнување (11) вертикално на ѕидот, така што ласерската линија од 90° ќе го покажува долниот раб на првиот ред со плочки.

Поставете го мерниот уред на плочата за израмнување (11) на работ, така што еден страничен жлеб (10) на плочата за израмнување ќе легне директно на работ. Ласерската линија од 0° треба да поминува паралелно во однос на работ. Ласерската линија од 90° само го означува долниот ред со плочки.