Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку камерата за проверка не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во камерата за проверка. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Бидете сигурни, дека децата не доаѓаат во допир со копчестата батерија. Копчестите батерии се опасни.

Не ја принесувајте магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетите на опремата создаваат поле кое може да ја наруши на функцијата на имплантите или на медицинските уреди.