Совети при работењето

Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а особено внимавајте на пречките или опасните места.

Свиткајте го кабелот на камерата (1) така што главата на камерата ќе може лесно да се воведе во околината која треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на камерата.

Осветленоста на светлата на камерата (3) прилагодете ја на тој начин што сликата добро ќе се препознае. На пример кај предметите што имаат јака рефлексија, може да се постигне подобра слика со помалку светло или со поставување на црно-бел контраст.

Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно, тогаш намалете го или зголемете го растојанието помеѓу главата на камерата (2) и преметот.

Дефект – причини и помош

Приказ на грешка на екранот

Причина

Помош

(жолто предупредување)

Внатрешната меморија е речиси полна

Избришете датотеки од внатрешната меморија или вметнете Micro-SD-картичка (20).

(црвено предупредување)

Внатрешната меморија е полна

Избришете датотеки од внатрешната меморија или вметнете Micro-SD-картичка (20).

Грешка во внатрешната меморија

Рестартирајте ја камерата за проверка.

Ако проблемот продолжи, контактирајте со овластена Bosch сервисна служба.

(жолто предупредување)

Micro-SD-картичката е речиси полна

Избришете ги датотеките од Micro-SD-картичката (20).

(црвено предупредување)

Micro-SD-картичката е полна

Избришете ги датотеките од Micro-SD-картичката (20).

Грешка на Micro-SD-картичката

Извадете ја Micro-SD-картичката (20) и повторно вметнете ја.

Проверете ја Micro-SD-картичката во друг уред.