Совети при работењето

Напомена за постепеното израмнување на кратки растојанија

За да можете прецизно да ја позиционирате ласерската линија дури и на поголеми растојанија, ротационото движење треба да е многу мало при постепеното вртење. Колку е пократко растојанието помеѓу ласерот и целта, толку е помал ефектот на ротационото движење на ласерот.

Напомена за прецизно позиционирање

Ако не можете прецизно да ја израмните ласерската линија на референтната точка, тогаш свртете ја платформата малку назад и обидете се повторно. Ако повторно не ја погодите целта, намалете го растојанието помеѓу мерниот уред и целта.