Напомени за работењето

  • При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ја допре граничната водилка, столарските стеги или другите делови на уредот. Извадете го евентуално монтираниот помошен граничник или соодветно подесете го.

Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.

Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на граничната водилка.

Проверете дали непосредната работната површина е доволно осветлена.

  • За таа цел, вклучете ја единицата за осветлување (34) со прекинувачот (35).

Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворите осцилаторниот заштитен капак.

  • За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (36).
  • Насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот.
  • Пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.

  • Не застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
  • Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.
  • Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.

Максимални делови за обработка:

Хоризонтален агол на закосување

Вертикален агол на закосување

Висина x ширина [mm]

95 x 150

45° (десно/лево)

95 x 90

45°

60 x 150

45° (лево)

45°

60 x 60

45° (десно)

45°

60 x 100

Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната столарска стега лево или десно од сечилото за пила):
200 x 40 mm (должина х ширина)

Максимална длабочина на резот (0°/0°): 90 mm

Црвената плоча за вметнување (24) може да се истроши по подолга употреба на електричниот алат.

Заменете ја дефектната плоча за вметнување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција Пила за скратување и сечење под агол.
  • Одвртете ги завртките (49) со обичен крстест одвртувач и извадете ја старата плоча за вметнување.
  • Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги сите завртки (49).
  • Поставете го вертикалниот агол на закосување на 0° и исечете отвор во плочата за вметнување.
  • Потоа, поставете го вертикалниот агол на закосување на 45° и повторно и исечете во отворот. Со оваа постапка се постигнува плочата за вметнување да биде што е можно поблиску до запците на сечилото на пилата без да ја допира.