Начини на работа

Вклучување/исклучување осцилации

Осцилациите овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.

Доколку е можно, променете ја поставката на осцилации пред да го вклучите електричниот алат.

Вклучете ги осцилациите за работа во меки и средно тврди материјали (на пр. лесни градежни материјали, изолационен материјал, меко дрво, дрво и обоени метали, тврдо дрво, пластика).
Свртете го лостот за подесување осцилации (9) надолу.

Исклучете ги осцилациите за чисти рабови за сечење и за работа во тенки или тврди материјали (на пр. лим, челик).
Свртете го лостот за подесување осцилации (9) нагоре.