Совети при работењето

Референтната точка за израмнување на плочки е точка на пресек P на ласерските линии директно пред мерниот уред. За да пренесете агол, мерниот уред мора да се сврти на оваа точка на пресек (види слика F).

Со помош на плочата за израмнување (11) може рамно да го поставите мерниот уред на нерамен или нестабилен под.

Плочата за израмнување (11) исто така е погодна како ѕиден држач за мерниот уред. Прицврстете ја плочата за израмнување на ѕид или на коса површина на пр. со обични завртки, така што ќе биде обезбедена од превртување. Употребете либела за рамно да ја поставите плочата за израмнување на површината.

Позиционирање на мерниот уред на плочата за израмнување: Поставете го мерниот уред со магнетите (5) на долната страна на плочата за израмнување (11). Мрежата од линии на горната страна на плочата за израмнување помага при точно позиционирање на мерниот уред. За пренесување на агли од 90° одн. од 45° поставете ја плочата за израмнување на референтен раб или на проекција на ѕид и поставете го мерниот уред, како што е прикажано на горната страна на плочата за израмнување.

Целната табла за ласерот (9) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.

Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (9) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.

  • Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
  • Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.