Подготовка на подлогата на делот за обработка

Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

  • Поставете го вашиот дел за обработка на масата за сечење на електричниот алат.
  • Олабавете го копчето за фиксирање (10) и прилагодете ја висината на висината на подлогата (12)на тој начин што вашиот дел ќе налегне рамно.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање.

Работната маса може да се продолжи на двете страни.

  • Поставете го вашиот подолг дел за обработка на масата за сечење на електричниот алат.
  • По потреба олабавете го соодветното копче за фиксирање (4) и повлечете го продолжетокот за маса (5) до саканото растојание.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање.

За едноставно сечење на делови со еднаква должина може да го употребите граничникот за должина (11).

  • Повлечете го граничникот за должина до крај нагоре и позиционирајте ја подлогата на делот за обработка на саканото растојание до листот за сечење на електричниот алат.