Подесување на вертикалниот агол на закосување

Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).

За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 22,5°, 33,9°, 45° и 47°.

  • Стандарден агол на закосување 0°:
    навалете ја рачката на алатот со дршката (9) малку налево и притиснете го граничникот (43) целосно наназад.
  • Стандарден агол на закосување 45°, 33,9° и 22,5°:
    свртете го левиот или десниот граничник (31), додека саканиот стандарден агол на закосување не се вклопи на ознаката за стрелка.
  • Стандарден агол на закосување 47°:
    Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) малку налево и повлечете го граничникот (43) целосно нанапред.

  • Извлечете го граничникот (43) целосно нанапред.
    Притоа можете да го користите целиот опсег на аголот на закосување (лево и десно).
  • Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (16) целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
    Доколку сакате да го користите целиот вертикален опсег на аголот на закосување, мора целосно да ја извлечете нанадвор левата подеслива гранична водилка (16) одн. целосно да ја извадите.
  • Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
  • Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) кон лево или десно додека агломерот (41) или (33) не го покажува посакуваниот вертикален агол на закосување.
  • Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката рачка (34).