Подесување на ласерот

Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.

  • На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
  • Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
  • Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
  • Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
  • Прицврстете го делот за обработка.
  • Вклучете ги ласерските зраци со копчето Вклучување/исклучување на ласер/работно светло (54).

Ласерските зраци мора да бидат рамни по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот ќе се води надолу.

  • Олабавете ги двете завртки (67) на заштитното капаче на ласерот (10) со клучот со внатрешна шестаголна глава (44).

1. Подесување на десниот ласерски зрак:

  • Свртете ја десната завртка за подесување (68) со клучот со внатрешна шестаголна глава (44), додека десниот ласерски зрак не налегне на целокупната должина на означената линија на сечење на делот што се обработува.
    Притоа исто така се движи и левиот ласерски зрак.

Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.

2. Подесување на левиот ласерски зрак:

  • Свртете ја левата завртка за подесување (68) со клучот со внатрешна шестаголна глава (44), додека левиот ласерски зрак не го постигне истото растојание до означената линија на сечење на делот што се обработува како и десниот ласерски зрак.

Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.