Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (27) за 0°. Рачката (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка (види слика V1)

  • Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за пила (17).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (13).

Подесување (види слика V2)

  • Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
  • Притиснете го граничникот (43) сосема наназад.
  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (70) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
  • Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката рачка (34).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (70).

Доколку по подесувањето, агломерот  не е во линија со 0° ознаката на скалата (32) олабавете ја завртката (69) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0° ознаката.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за сечење (17) до жлебот (27) за 0°. Лостот (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Извадете ја левата подеслива гранична водилка (16).
  • Свртете го левиот граничник (31) додека стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со стрелка.
  • Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
  • Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево, додека завртката-граничник (71) не налегне на граничникот (31).

Проверка (види слика W1)

  • Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за пила (17).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (13).

Подесување (види слика W2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (71) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
  • Завртете ја завртката-граничник (71) навнатре или нанадвор додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката рачка (34).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (71).

Ако агломерот (41) и (33) по подесувањето не е во една линија со 45°-ознаките на скалата (32), проверете ја уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за сечење (17) до жлебот (27) за 0°. Лостот (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Извадете ја десната подеслива гранична водилка (16).
  • Извлечете го граничникот (43) целосно нанапред.
  • Свртете го десниот граничник (31) додека стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со стрелка.
  • Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
  • Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево, додека завртката-граничник (72) не налегне на граничникот (31).

Проверка (види слика X1)

  • Поставете го агломерот 135° и ставете го на масата за пила (17).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (13).

Подесување (види слика X2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (72) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
  • Завртете ја завртката-граничник (72) навнатре или нанадвор додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката рачка (34).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (72).

Ако агломерот (41) и (33) по подесувањето не е во една линија со 45°-ознаките на скалата (32), проверете ја уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (27) за 0°. Рачката (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка (види слика Y1)

  • Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка (15) и сечилото за пила (13) на масата за пила (17).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (13).

Подесување: (види слика Y2)

  • Олабавете ги сите четири завртки за подесување (73) со крстест одвртувач и свртете ја масата за пила (17) заедно со скалата (19), додека кракот на агломерот не лежи рамно по целата должина на сечилото за пила.
  • Повторно затегнете ги завртките.

Доколку по подесувањето агломерот (26) не е во линија со 0° ознаката на скалата (19), олабавете ја завртката (74) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0° ознаката.