Монтирање на брусни алати

Исчистете го вретеното за брусење (5) и сите делови за монтирање.

За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење.

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.

При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.

За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење завртете ја затезната навртка (10) и затегнете ја со клуч со два отвора види Брзозатезна навртка .

  • По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.

Во приклучната прирабница (8) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (8) мора да се замени пред понатамошна употреба.

  • При работењето со ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (16).

  • При работењето со гумен диск за брусење (18) секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (16).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

Пред монтажата на гумен диск за брусење (18) ставете ги 2-та дистанцери (17) на вретеното за брусење (5).

Навртете ја тркалезната навртка (20) и затегнете ја со клуч со два отвори.

  • При работењето со лончеста или плочеста четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (16).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на вретеното за брусење додека цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч.