Ставање во употреба

При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.

Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред и потоа држете го.

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) турнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) понапред.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и потоа отпуштете го.

  • Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.

(GWS 24-180 P / GWS 24-230 P / GWS 24-230 PZ)

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред и потоа држете го.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

(GWS 24-180 JZ / GWS 24-230 JZ / GWS 24-230 PZ)

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.

За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.

(GWS 24-180 JZ / GWS 24-230 JZ / GWS 24-230 PZ)

Електронскиот мек старт го ограничува вртежниот момент при вклучувањето и му овозможува на електричниот алат да се вклучи непречено.

Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, мекиот старт и заштитата од рестартирање не работат. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба, (видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“).

(GWS 24-180 JZ / GWS 24-230 JZ / GWS 24-230 PZ)

При преоптоварување моторот запира. Оставете го електричниот алат неоптоварен на највисок број на вртежи во празен од околу 5–10 секунди да се олади.

(GWS 24-180 JZ / GWS 24-230 JZ / GWS 24-230 PZ)

Притиснете ја кутијата за прав (3) странично и повлечете ја (3) од електричниот алат. Отворете го капакот и испразнете ја кутијата за прав (3). Вметнете ја кутијата за прав (3) повторно назад во електричниот алат додека не се вклопи.