Всисување на суви материјали

Всисување на наталожена прав

  • Подесете го регулаторот на волуменски проток (6) на дијаметарот на цревото.
  • За да го вклучите всисувачот прекинувачот за избор на начин на работа (7) поставете го на ознаката „Всисување“.

  • За да го исклучите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на ознаката „Исклучување“.

Всисувачот е опремен со контрола на волуменскиот проток. Контролата на волуменскиот проток е фиксно поставена на режимот на работа „Всисување“ на вредност од 20 m/s, независно од позицијата на регулаторот на волуменскиот проток (6).
Доколку оваа вредност се пречекори, на пр. поради насобрана нечистотија во цревото за всисување, полна вреќичка за прав или вметнат набран филтер, се слуша звучен сигнал за предупредување. Во тој случај, исклучете го всисувачот и проверете го како што е опишано во делот „Отстранување на пречките“.

Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика G)

Во всисувачот има вградено шуко приклучница (5). Таму може да приклучите надворешен електричен апарат. Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ на електричниот алат што се приклучува.

За да се овозможи доволен пренос на правта до местото на всисување, не треба да се пречекори најмалиот волуменски проток за приклучениот електричен алат.

Дијаметар на цревото

Поставена вредност за волуменски проток

35 mm

57,9 m3/h

22 mm

41,2 m3/h

15 mm

12,7 m3/h

  • Подесете го регулаторот на волуменски проток (6) на дијаметарот на цревото.
  • Монтирајте го адаптерот за всисување (25).
  • Вметнете го адаптерот за всисување (25) во млазниците за всисување на електричниот алат.

Напомена: при работење со електрични алати, чијшто довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот за непотребен воздух (26) на адаптерот за всисување (25). Само на тој начин полуавтоматското чистење на филтерот може да работи без проблем.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен воздух (26) додека не се појави максимален отвор.

  • За приклучување на Старт/Стоп-автоматиката на всисувачот, поставете го прекинувачот за избор на режим на работа (7) на ознаката „Старт/Стоп-автоматика“.
    При овој режим на работа, волуменскиот проток електронски се контролира согласно позицијата на регулаторот (6). Доколку е правилно избрана поставката, се овозможува доволен пренос на правта.

  • За ставање во употреба на всисувачот приклучете го приклучениот електричен алат на приклучницата (5). Всисувачот автоматски почува со работа.
  • Исклучете го електричниот алат, за всисувањето да заврши.
    Функцијата за продолжен тек на Старт/Стоп автоматиката продолжува да работи уште 15 секунди, за да ја всиса останатата прав од цревото за всисување.
  • За да го исклучите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на ознаката „Исклучување“.

Доколку слушнете звучен сигнал за предупредување, мора да го проверите всисувачот како што е опишано во делот „Отстранување на пречки“.