Совети при работењето

Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.

Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени засеци. Во Bosch-асортиманот се вклучени и додатоци кои овозможуваат право сечење или кружно сечење (во зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен граничник, шина-водилка или кружен секач).

При работата рачните убодни пили може да „го изгубат правецот“, што значи дека аголот и прецизноста на сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на пилата, должината на сечењето и густината и дебелината на материјалот на делот што се обработува.

Затоа, секогаш треба со пробни засеци да проверувате дали резултатот од сечењето на избраниот систем одговара на вашите барања на примена.

При работа со паралелен граничник (33) дебелината на делот што се обработува не смее да надминува 30 mm.

Олабавете ја завртката за подесување (32) и турнете ја скалата на паралелниот граничник низ отворот (31) на основната плоча. Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Затегнете ја завртката за подесување (32).

Адаптерот за шините-водилки (35) е потребен:

  • за право сечење со помош на шините-водилки (34) (опрема)
  • за кружно сечење со кружен сечач (36) (опрема)

Осигурајте се дека пластичната лизгачка плоча (14) е монтирана на основната плоча (13). Поставете го електричниот уред во адаптерот за шините-водилки (35).

За употреба на адаптерот за шините-водилки следете го соодветното упатство за користење.

Со помош на кружниот секач (36) и адаптерот за шините-водилки (35) можни се точни заоблени сечења. За употреба на кружниот секач следете го соодветното упатство за користење.

При сечење на метал поради загревање на материјалот треба да нанесете средство за ладење одн. подмачкување по должина на линијата за сечење.