Ставање во употреба

Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што ласерскиот зрак ќе достигне до полето за прием (1). Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паѓа напречно на приемното поле (како што е прикажано на сликата).

Кај ротирачките ласери со повеќе режими на работа изберете хоризонтален или вертикален режим со највисоката ротирачка брзина.

  • При вклучување на ласерскиот приемник се слуша гласен сигнален тон. Затоа држете го ласерскиот приемник подалеку од ушите одн. други лица при вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети слухот.

За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го копчето за вклучување-исклучување (19). Сите прикази на екранот, како и сите LED-светилки кратко светнуваат и се слуша сигнален тон.

За исклучување на ласерскиот приемник, држете го копчето за вклучување-исклучување (19) додека сите LED-светилки кратко светнат и екранот се исклучи. Освен поставувањето на осветлувањето на екранот, сите други поставки при исклучување на ласерскиот приемник ќе се зачуваат.

Доколку за околу 10 min, не се притисне на ласерскиот приемник и до приемното поле (1) 10 min не достигне ласерски зрак, тогаш ласерскиот приемник автоматски се исклучува заради заштита на батериите.

При испораката, ротирачкиот ласер и испорачаниот ласерски приемник се веќе поврзани преку Bluetooth®. При веќе постоечка поврзаност, приказот ја покажува поврзаноста преку Bluetooth® (b) на екранот на ласерскиот приемник.

За одново да се поврзе ласерскиот приемник или за да поврзете друг ласерски приемник со ротирачкиот ласер, држете го копчето Bluetooth® на ротирачкиот ласер онолку долго додека на екранот се појави ознаката за воспоставување на врската со далечинскиот управувач/ласерски приемник. Држете ги притиснати копчињата за X‑оска (16) и Y‑оска (15) на ласерскиот приемник додека на приказот за текст (e) на ласерскиот приемник P‑‑ не се појави.

Успешното воспоставување на врската ќе се потврди на екранот на ротирачкиот ласер. На приказот за текст (e) на ласерскиот приемник се појавува POK.

Доколку не се воспостави врска помеѓу ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник, тогаш се појавува во приказот за текст (e) на ласерскиот приемник PNK и на екранот на ротирачкиот ласер ќе се прикаже известување за грешка за неуспешната врска. За справување со грешки внимавајте на упатството за употреба на ротирачкиот ласер.

Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле (1):

  • на екранот (5) на предната и задната страна на ласерскиот приемник со приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (f), приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (j) одн. приказот за средишна линија (h),
  • опционално со црвената LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (4), сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (2) како и зелената LED средишна линија (3) на предната и задната страна на ласерскиот приемник,
  • опционално со сигнален тон.

Кога ласерскиот зрак за прв пат поминува низ приемното поле (1) секогаш се огласува краток сигнален тон и кратко засветуваат црвената LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (4) како и сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (2) (дури и кога сигналниот тон и/или LED-приказите за правец се исклучени).

Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак поминува низ горната половина на приемното поле (1), на екранот се појавува приказот за правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (j).
При вклучени LED-светилки, свети сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (2).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со бавен такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката нагоре. Со доближување кон средишната ќе се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (j).

Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку ласерскиот зрак поминува низ долната половина на приемното поле (1), на екранот се појавува приказот за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (f).
При вклучени LED-светилки, свети црвената LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (4).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со забрзан такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката надолу. Со доближување кон средишната ќе се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (f).

Ласерскиот приемник е поставен во средина: Доколку ласерскиот зрак поминува низ полето за прием (1) на висина на средишната линија, на екранот светнува приказот за средишна линија (h).
При вклучени LED-светилки, свети зелената LED-средишна линија (3).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.

Функција на зачувување на последниот прием: Доколку ласерскиот приемник се движи на тој начин што ласерскиот зрак повторно излегува надвор од приемното поле (1), трепка за кратко време последниот прикажан приказ на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (j) или приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (f). Овој приказ може да се вклучи или исклучи преку менито за подесување.

Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле (1), тогаш растојанието помеѓу ласерскиот зрак и средишната линија на ласерскиот приемник во приказот за текст (e) ќе се прикаже на екранот како апсолутна вредност.

Мерната единица на приказот за висина може да се промени во менито за подесување („mm“ или „in“).

Екраните (5) на предната и задната страна на ласерскиот приемник располагаат со осветлување на екранот. Осветлувањето на екранот е вклучено:

  • при вклучување на ласерскиот приемник,
  • со секое притискање на копчињата,
  • кога ласерскиот зрак се движи над приемното поле (1).

Осветлувањето на екранот автоматски се исклучува:

  • 30 s по секое притискање на копчињата, доколку ласерски зрак не достигнал до приемно поле
  • 2 min откако не е притиснато копче и доколку позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле не се менува.

Осветлувањето на екранот може да се исклучи во менито за подесување.

Поставката за осветлувањето на екранот ќе се зачува при исклучувањето на ласерскиот приемник. По вклучување на ласерскиот приемник, осветлувањето на екранот е секогаш вклучено.