Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Исфрлувач на струготини (види слика B)

Исфрлувачот на струготини (4) слободно се врти.

На исфрлувачот на струготини (4) може да се приклучи црево за всисување со дијаметар од 35 mm или кутија за прав/струготини (29).

На исфрлувачот на струготини (4) може да се приклучи и црево за всисување со копче на притискање. За тоа свртете го исфрлувачот на струготини во правец обратен на стрелките на часовникот и извлечете го адаптерот. Свртете го исфрлувачот на струготини во правец на стрелките на часовникот, за да го блокирате. Вметнете го цревото за всисување со копче на притискање во исфрлувачот на струготини додека не слушнете да се вклопи цревото.

Заради обезбедување на оптимално всисување, исфрлувачот на струготини (4) мора редовно да се чисти.

Надворешно всисување

Поврзете го цревото за всисување (30) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.