Монтирање на заштитен уред

Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.

Ставете го заштитниот капак (11) на прифатот од електричниот алат, додека кодираните запци на заштитниот капак не се поклопат со прифатот. Притоа, притиснете го и држете го лостот за отклучување (1).
Притиснете го заштитниот капак (11) на грлото на вретеното додека венецот на заштитниот капак не легне на прирабницата на електричниот алат и вртете го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба (11) според потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го заштитниот капак (11) во саканата позиција.

  • Секогаш поставувајте го заштитниот капак (11) така што двата запци на лостот за отклучување (1) во соодветните отвори на заштитниот капак (11) ќе влезат.
  • Поставете ја заштитната хауба (11) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
  • Заштитниот капак (11) смее да се врти само со притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот алат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба.

Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (11) гарантираат, дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара.

За брусење на бои, лакови и пластика со лончести плочи од цврст метал (14) каде што не се создава многу прав може да го користите капакот за всисување (10). Капакот за всисување (10) не е погоден за обработка на метал.

На капакот за всисување (10) може да се приклучи Bosch-всисувач. За таа цел, ставете го цревото за всисување со адаптерот за всисување во предвидените делови за вметнување на хаубата за всисување.

  • При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (12).
  • При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.

Заштитната хауба за сечење (12) се монтира како заштитна хауба за брусење (11).

Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (32) се монтира како заштитна хауба за брусење (11).

  • Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога работите со гумениот брусен диск (24) или со лончестата четка/конусната четка/дијамантската крунеста бургија (23).

Прицврстете ја заштитата за рацете (23) со дополнителната рачка (8)/(9).

Навртете ја дополнителната рачка (8)/(9) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.

  • Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (8)/(9).
  • Не продолжувајте со работа со електричниот алат, ако дополнителната рачка (8)/(9) е оштетена. Не вршете промени на дополнителната рачка (8)/(9).

Дополнителната рачка за придушување на вибрациите (9)овозможува работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа.