Монтажа на поединечните делови

Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

  • Свртете ја курблата (20) во правец на стрелките на часовникот до граничникот, така што сечилото за пила (33) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над масата за сечење.
  • Олабавете го затезниот лост (46).
  • Вметнете го клинот за разделување (7) во правец на затезниот лост (46), додека не се извлекува нагоре.
  • Целосно повлечете го клинот за разделување нагоре, така што тој ќе се позиционира точно над средината на сечилото за пила.
  • Двата клина (47) нека се вклопат во долните отвори на клинот за разделување и повторно затегнете го затезниот лост (46).

  • Закачете го додатокот за маса (32) во задните отвори (48) на отворот за алатот.
  • Притиснете го додатокот за маса надолу.
  • Притиснете го додатокот за маса, додека не се вклопи напред во отворот за алатот.

Предната страна на додатокот за маса (32) мора да биде во рамна линија со или малку под масата за сечење, а задната страна мора да биде во рамна линија или малку над масата за сечење.

Напомена: Монтирајте го заштитниот капак само ако клинот за разделување во горната позиција е позициониран точно над средината на сечилото за пила (види слика b2). Не го монтирајте го заштитниот капак, ако клинот за разделување се наоѓа во најдолната позиција (состојба на испорака или позиција за сечење на жлебови) (види слика b1).

  • Олабавете го затезниот лост (49) и извадете го заштитниот поклопец (6) од држачот (22).
  • Со едната рака цврсто држете ја заштитата на сечилото за пила (горна метална шина) на заштитниот поклопец (6) и со другата рака повлечете го нагоре затезниот лост (49).
  • Вметнете ја болцната-водилка (50) наназад во жлебот на клинот за разделување (7).
  • Ставете го заштитниот поклопец (6) надолу, додека заштитата за сечило за пила (горна метална шина) не е паралелна со површината на масата за сечење (17).
  • Притиснете го затезниот лост (49) надолу. Мора да се почувствува и да се слушне кога ќе се вклопат затезниот лост и заштитниот поклопец (6) и безбедно да се монтираат.
  • Пред секое користење, проверете дали заштитниот поклопец се движи слободно. Не го користете електричниот алат доколку заштитниот поклопец не се движи слободно или не се затвора веднаш.

За монтажа користете го сетот за прицврстување „Продолжеток за маса за сечење“ (43) (2 завртки за прицврстување, 2 подлошки, 1 вилушкаст клуч).

  • Завртете го продолжетокот за маса за сечење (10) со водилките (24). За тоа фиксирајте ги водилките со вилушкастиот клуч, додека ги затегнувате завртките за прицврстување со клучот со внатрешна шестаголна глава.
    Притоа, вдлабнатините во продолжетокот на масата за сечење мора да покажуваат нагоре.

Паралелниот граничник (8) може да се позиционира лево или десно од сечилото за пила.

  • Олабавете ја затезната дршка (51) на паралелниот граничник (8). На тој начин се растеретува V-водилката (44).
  • Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-водилката во водечкиот жлеб (30) на масата за сечење. Потоа позиционирајте го паралелниот граничник во предниот водечки жлеб на сечилото на пила (35).
    Сега паралелниот граничник може да го поместувате по желба.
  • За фиксирање на паралелниот граничник притиснете на затезната дршка (51) надолу.

За сечење на тесни предмети и за сечење под вертикален агол на закосување мора да се монтира дополнителен паралелен граничник (52) на паралелниот граничник (8).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може да се монтира на левата или десната страна на паралелниот граничник (8).

За монтажа користете го сетот за прицврстување „Дополнителен паралелен граничник“ (39) (2 завртки за прицврстување, 2 подлошки, 2 пеперутка-навртки).

  • Вметнете ги завртките за прицврстување низ страничните отвори на паралелниот граничник (8).
  • Главите на завртките служат како водилка на дополнителниот паралелен граничник.
  • Поместете го дополнителниот паралелен граничник (52) над главите на завртките за прицврстување.
  • Поставете ги подлошките на завртките за прицврстување и затегнете ги завртките со помош на пеперутка-навртките.

  • Ставете ја шината (53) на аголниот граничник (3) во жлебовите на водилката (9) предвидени за тоа на масата за сечење.

Напомена: Позицијата на аголниот граничник може да се фиксира во левиот водечки жлеб со затегнување на завртката со нарецкана глава (54) на подвижните лизгачи (2).

За подобро налегнување на долгите делови за обработка аголниот граничник може да се прошири низ профилната шина (34).

  • По потреба монтирајте ја профилната шина со помош на сетот за прицврстување (55) на аголниот граничник.