Подесување на вертикалниот и хоризонталниот агол на закосување

За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.

Поставување на вертикален агол на закосување (сечило за пила) (види слика D)

Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од -1° до 47°.

Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од околу 30° под влијание на гравитацијата.

За брзо и прецизно подесување на вертикален стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички поставените граничници ((28), (25)).

Подесување на хоризонталниот агол на закосување (аголен граничник) (види слика E)

Напомена: За регенерирачко сечење (долг клин) користете соодветни уреди.

Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во еден опсег од 60° (на левата страна) до 60° (на десната страна).

За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонални агли на закосување на аголниот граничник (3) завртки-граничници за агли од 45° (од лева, десна страна) и 0°.