Снабдување со енергија на мерниот уред

Ставање/менување на батерии

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

За вадење на преградата за батерии (13) свртете го механизмот за фиксирање (14) во позиција . Извлечете ја преградата за батерии од мерниот уред и ставете ги батериите.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

Вметнете ја преградата за батерии (13) во мерниот уред и свртете го копчето за заклучување (14) во позиција .

Приказ на состојба на наполнетост

Доколку предупредувањето за батеријата (12) трепка прво црвено, мерниот уред може да работи уште 2 h.

Доколку предупредувањето за батеријата (12) свети непрекинато црвено, не е возможно да се вршат мерења. Мерниот уред автоматски се исклучува по 1 min работа.