Ставање во употреба

За Вклучување на електричниот алат прво притиснете покрај симболот  на блокадата при вклучување (5) и со тоа ќе ја деактивирате. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.

Работната светилка свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (6) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

  • Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6). За да ја активирајте блокадата при вклучување (5), притиснете покрај симболот на блокадата при вклучување .

Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.

Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (7) можете истите претходно да ги изберете и потоа да ги промените во текот на работата.

Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Се препорачува намалување на бројот на работни одови при поставување на сечилото за пила на алатот, како и при сечење на пластика и алуминиум.

При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се исклучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе се постигне дозволената температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско исклучување, исклучете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно вклучете го.