Монтирање на брусни алати

Исчистете го вретеното за брусење (17) и сите делови за монтирање.

За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (2), за да го зацврстите вретеното за брусење.

Монтажа со затезна навртка (14) и брзозатезна навртка (13)

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.

При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.

За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење завртете ја затезната навртка (14) и затегнете ја со клуч со два отвора види Брзозатезна навртка .

Во приклучната прирабница (9) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (9) мора да се замени пред понатамошна употреба.

  • По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.

Монтажа со брзозатезна навртка (15) 

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.

При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на куќиштето).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

За прицврстување користете ја брусната плоча/дискот за сечење без други алати со брзозатезната навртка (15).

  • Брзозатезната навртка (15)смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење.
  • Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (15).
  • При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (15) да не покажува кон брусната плоча.

Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (2), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка (15), отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец на стрелките на часовникот. Потоа преклопете го надолу држачот за фиксирање на брзозатезната навртка. Не е доволно затегнување на работ на дискот.

Прописно прицврстената и неоштетена брзозатезна навртка (15) можете да ја олабавите со рака. За тоа отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец спротивно на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со алат, туку употребете клуч со два отвори.

По монтажата на приклучната прирабница и на брусната плоча/дискот за сечење слободната должина на навојот на брусното вретено треба да изнесува најмалку 4 mm.

Внимавајте на цврсто вклопување на алатот за брусење, така што нема да се одврти од вретеното на крајот од електричниот алат.

Во приклучната прирабница (9) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (9) мора да се замени пред понатамошна употреба.

  • По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.

  • При работењето со ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (21).

  • При работењето со гумен диск за брусење (23) секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (21).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

Навртете ја тркалезната навртка (25) и затегнете ја со клуч со два отвори.

При работењето со лончеста четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (21).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

Лончестата четка мора да се наврти на вретеното за брусење додека цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата четка со виљушкаст клуч.