Ставање/менување на крунестата бургија

Крунестите бургии од Bosch се означени со боја:

  • Крунести бургии за мокро дупчење: сино
  • Крунести бургии за суво дупчење: светлосива

  • Пред да ги употребите, проверете ги крунестите бургии. Користете само беспрекорни крунести бургии. Оштетените или деформираните круни за дупчење може да доведат до опасни ситуации.

Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија. Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или испрскајте го со средство за заштита од корозија.

Навртете 1 1/4"-UNC-крунеста бургија (8) на вретеното за дупчење (7).

  • Проверете дали е крунестата бургија е цврсто вметната. Доколку круните за дупчење се погрешно или не се сигурно зацврстени, може да се олабават за време на работењето и да предизвикаат опасност.

  • При менувањето на крунестата бургија носете заштитни ракавици. При подолготрајна употреба, круната за дупчење може да се вжешти.

Олабавете ја крунестата бургија (8) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 41 mm). Притоа, со друг вилушкаст клуч (ширина на клучот 32 mm) држете го вториот раб на вретеното за дупчење (7) во спротивен правец.